Достапни линкови

Заев: Набавката за МНАВ ја завршил таткото на Никола Попоски


Архивска фотографија- Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во владата

Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам“, одоговори денеска премиерот Зоран Заев, на 107-та седница на Собранието, на прашање од пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, зошто не побарал одговорност од Рашковски по скандалот со објавените видеа.

“Набавката на радарската опрема во МНАВ, комплетно со одлука за избор на јавна набавка, е завршена во 2016 година. Владата и генералниот секретар се во канцеларијата на Владата од 1 јуни 2017 година. Јавната набавка е завршена тогаш, од директор, кој е татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски. Разговорот се водел со цел да се убедат директорите на МНАВ да потпишат договори и да одат во имплементација. Но знаејќи дека бандитска власт била претходно и не е така лесно, но влегле во имплементација и затоа се закажани состаноците. Јас имам одржано состанок со МНАВ на ова прашање зборувајќи „ајде луѓе треба да се реализира, имате пари, кредитна линија, Европска банка за обнова и развој беше консултант во целата постапка и треба да се реализира. Апсолутно не може да се каже дека некој барал провизија прво на затворено, а второ на осум луѓе кои седат на состанок”, истакна премиерот.

Заев нагласи дека се спроведува истрага и во Антикорупциска и во Обвинителство за евентуална злоупотреба, но оти постои и истрага за неовластено снимање и пуштање во промет на снимки.

“Апсолутно не сум видел одговорност, за да побарам одговорност или да прифатам понудена одговорност”, потенцираше премиерот.

Затуроска, посочи дека наместо одговорните да ги гонат тие што направиле криминал тие ги гонат оние кои што го откриваат криминалот.

XS
SM
MD
LG