Достапни линкови

Џонсон прв пат како премиер пред пратениците: Доаѓа златно доба за Британија


Борис Џонсон

Во своето прво обраќање пред пратениците, новиот британски премиер Борис Џонсон најави почеток на златна доба за Велика Британија и енергичен настап во преговорите за Брегзит. И покрај нагласувањето на важноста од подготовка за излез на Велика Британија без договор, Џонсон нагласи дека “многу повеќе би сакал” да ја напуштат ЕУ со договор и додаде дека ќе работи на тоа да се случи, објавија новинските агенции.

Џонсон додаде дека договорот за повлекување, преговаран меѓу Тереза Мај и ЕУ, е “неприфатлив за овој парламент и за оваа земја” и рече дека граѓаните на ЕУ ќе имаат апсолутна безбедност за нивното право да живеат и работат во Велика Британија.

XS
SM
MD
LG