Достапни линкови

Спасовски: Ветинг во МВР ќе има, ама треба и во Обвинителството и судовите


Министерот Оливер Спасовски во Собранието

Сега веќе пензиониран поранешен вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање по потекло од Струга, заедно со неговиот син беа фатени со трговија на 50 килограми дрога во Охрид. Двајца вработени во МВР во времето до 2017 година, се фатени како употребуваат дрога на улиците во Скопје, утврдени и вештачени, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање за оправданоста на ветингот што во моментов се спроведува во УБК.

Министерот најави дека таков процес наскоро ќе се спроведе во Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека ветингот треба да се направи и во други институции, како Обинителството и судовите.

„Ова е потребно затоа што постојат силни аргументи кои укажуваат дека одредени луѓе кои се дел од тој безбедносениот систем или воопшто не требале да бидат во тој состем, а некои од нив не требало да поминат ниту по улицата каде се наоѓа Министерството, не пак да бидат вработени во полицијата. Дел од нив се исквариле во моменти кога дошле внатре“, рече Спасовски.

XS
SM
MD
LG