Достапни линкови

Заев: Тројцата новинари од случајот со Рашковски не се репресирани, со Кичеец се сретнав службено


На денешната седница за пратенички прашања, премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Антонио Милошоски, рече дека тројцата новинари повикани во Јавното обвинителство не се репресирани да го откријат изворот на информации, туку да дадат евентуално релевантни докази во случајот „Леонардо“, кој се однесува на евентуална тендерска злоупотреба на МНАВ и владиниот секретар Драги Рашковски.

На прашање за неговите средби со второобвинетиот од случајот „Рекет“, Зоран Милевски - Кичеец, Заев одговори дека „со второбвинетиот во тој случај се сретнал само официјално кога тој застапувал заинтересиран странски рударски инвеститор“.

XS
SM
MD
LG