Достапни линкови

Караманлис: Договорот од Преспа не може да се скине, ќе ги ублажуваме последиците од него


Фотографија од потпишувањето на Преспанскиот договор

Договорот од Преспа не може да се скине, овој договор не може да се фрли во канта за отпадоци и за ова одговорни се конкретни луѓе кои го гласаа овој договор. Ние велиме дека ќе направиме сѐ за да ги ублажиме, трагичните и многу сериозни последици од овој договор, изјави министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Костас Ахилеас Караманлис во интервјуто за грчката телевизија Скај.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Караманлис ја повторува позицијата на Нова демократија, во однос на нивните оружја за „ублажување на негативните последици од договорот“, споредбено го споменува предизборното ветување на СИРИЗА од пред четири години кога најавуваше дека „со еден закон и еден член ќе ги скине меморандумите“ и вели дека тие она што го кажуваа како опозиција го кажуваат и сега.

– Што рековме како опозиција? Дека не треба да помине, не треба да биде изгласан и ги предупредивме и Владата и грчкиот народ. Од моментот кога помина, јасни сме, овој договор ниту се менува, ниту може да се искине со еден закон и еден член.

XS
SM
MD
LG