Достапни линкови

Над 50 загинати во три бомбашки напади во Авганистан


Над 56 лица загинаа во бомбашки напади во три авганистански провинции во последните 24, објави германската новинска агенција ДПА.

Три експлозии одекнаа утринава во Кабул, главниот град на Авганистан, оставајќи зад себе најмалку 11 мртви и 45 повредени. Меѓу загинатите се пет жени и едно дете, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Прво експлодира бомба подметната мод минибус, потоа бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на местото на нападот на возилото, а третата се случи кога непознати лица активираа бомба во автомобил“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими, нагласувајќи дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.

XS
SM
MD
LG