Достапни линкови

Нема место за паника поради дисперзијата на лекувањето на зависниците, тврди Филипче


Венко Филипче

Преку соработка со Општините, невладините организации и со граѓаните ќе укажеме дека нема потреба од страв и паника од дисперзијата на лекувањето на зависници низ Центри во државава и дека тоа ќе го реши проблемот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата со лекувањето на зависниците и за нивната терапија.

Во државава, рече министерот за здравство, во 10 градови веќе постојат десет центри за лекување на зависници. Но, според него, проблем е што во Скопје е најголемата бројка, од над 500 пациенти е во Центарот во општина Кисела Вода, што, како што рече, создава ситуација да има проблеми во давањето на терапијата и отвора можност за злоупотреба.

XS
SM
MD
LG