Достапни линкови

Заев: Не ја предложив Русковска за шеф на новото обвинителство


Не ја предложив обвинителката Вилма Рускоска за шеф на новото обвинителство,туку само кажав кој сега раководи со обвинителството, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

“И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време, ама јас не се прашувам”, рече Заев.

Тој објасни дека има процес и процедура, односно дека изборот се прави на конкурс преку Советот на обвинители. Заев повтори дека со предлог-законот за ЈО е прифатено решението што го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство да се стави под Основното јавно обивнителство.

„Овие денови ќе се отвори дебата да и учиниме да и помогнеме на државата и да го тргнеме ова прашање од дневниот ред. Законот треба навремено да го донесеме ако ја сакаме државата на патот во евроинтегрции“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG