Достапни линкови

Пакистанскиот премиер Кан ќе ги убедува Талибанците да разговараат со авганистанската Влада


Пакистанскиот претседател Имран Кан.

Пакистанскиот претседател Имран Кан вели дека ќе се сретне со Талибанците во обид да ја убеди милитантната група да одржи разговори со авганистанската Влада, во обид да се стави крај на 18-годишната војна.

„Ќе се сретнам со Талибанците и ќе се обидам да ги натерам да разговараат со авганистанската Влада“, рече Кан за време на денешниот разговор со американскиот Институт за мир во Вашингтон.

Кан вчера одржа разговори со претседателот на САД Доналд Трамп во Белата куќа и денеска се сретна со државниот секретар Мајк Помпео со кој одржаа разговори фокусирани на Авганистан.

САД и Талибанците од септември досега одржаа осум рунди на мировни разговори, при што двете страни известуваа за напредок за можен договор фокусиран на ветувањето на САД за повлекување на трупите во замена за ветувањето на Талибанците да не дозволи Авганистан да биде користен како база за тероризам.

Талибанците одбиваат директно да преговараат со Владата на Авганистан поддржана од Западот, нарекувајќи ја нелегитимна.

XS
SM
MD
LG