Достапни линкови

Собранието ја донесе завршната сметка на Буџетот за минатата година


Илустрација.

Собранието денеска на 106. седница ја донесе Завршната сметка на Буџетот за 2018 година. Вкупно 49 пратеници гласаа „за“, еден беше воздржан, а 17 беа против.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези информираше дека фискалната политика во 2018 година се реализирала во рамки на планираните износи со Буџетот, одноно дека реализацијата на приходите била во согласност со очекувањата, додека расходите се извршувале редовно и навремено.

„Вкупните приходи на Буџетот се реализирале на ниво од 97,9 проценти во однос на планираните, додека вкупните расходи се реализирале на ниво од 96,7 проценти од планираните“, рече Елези.

XS
SM
MD
LG