Достапни линкови

Борис Џонсон е наследникот на Тереза Меј


Поранешниот британски министер за надворешни работи, Борис Џонсон, е избран за лидер на британската владејачка Конзервативна партија и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција. Тој утре би требало и службено да стане премиер, и тоа откако кралицата ќе го прифати неговиот мандат.

Околу 160.000 членови на Конзервативната партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, а се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант. За Џонсон гласале речиси 100 илјади од членовите на партијата.

Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, беше фаворит и во анкетите спроведени пред изборната трка. Неколкумина членови на Владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новата функција

XS
SM
MD
LG