Достапни линкови

Македонија и Бугарија заедно против трговијата со луѓе


Македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во Охрид потпишаа протоколот за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

„Борбата пртив организираниот криминал не познава граници, што не упатува на заедничка акција. Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба“, рече министерот Спасовски.

Според Спасовски и каракачанов, Протоколот за соработка помеѓу двете Влади отвора нови можности за продлабочување на соработката во однос на превенцијата, идентификацијата и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.

XS
SM
MD
LG