Достапни линкови

Предлог-законот за Јавно обвинителство во собраниска процедура


Предлог-закон за Јавно обвинителство Владата денеска ќе испрати во Собранието. Од Министерството за правда очекуваат пратениците своите ставови да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани.

Оттаму велат дека очекуваат поддршка од сите пратеници, но ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

За опозициската ВМРО – ДПМНЕ во моментов е неприфатливо новото обвинителство да го предводи актуелната шефица на Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски смета дека Предлог законот не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување обвинителство што ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, пак изјави дека предлогот Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство е токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Со преодните одредби, предвидено е законот да почне да се применува на 15 септември.

XS
SM
MD
LG