Достапни линкови

Брнс: САД ги поддржуваат напорите за ставање крај на корупцијата


Кејт Брнс

САД поддржуваат темелна, брза и транспарентна истрага во сите случаи каде што постојат тврдења за корупција и злоупотреба на функцијата. Исклучително е важно, во секој случај со вакви тврдења, тие поединци да бидат повикани на одговорност, а Владата да презема дејствија. Ги уважуваме и ги поздравуваме чекорите што ги презема Владата за ставање крај на корупцијата и во борбата против неказнивоста. Ова во интервју за телевизијата Алсат М го изјави американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс.

Ние ќе продолжиме да го поттикнуваме премиерот Заев да бара одговорност од сите владини претставници и да гарантира дека без оглед на нивото на функцијата, луѓето треба да имаат доверба во владините институции, нагласува амбасадорката на САД.

Брнс истакнува дека САД ги следат актуелните случувања и поддржуваат силно, независно обвинителство и оти е важно да се зачуваат капацитетите на Специјалното обвинителство.

XS
SM
MD
LG