Достапни линкови

Заев: Не може да ми се „накалеми“ идеолошката машинерија на Груевски


По бурните реакции во јавноста од интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа, тој на својот Фејсбук профил напиша во интервјуто бил прашан за минатите штетни политики на национализам и антиквизација и дека одговорил оти поранешната власт преку обидот за антиквизација успеа да ја скара земјава со сите соседи и цела деценија да ја држат во изолација.

„Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години. Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива да оправдаат идентитетски инженеринг. Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инженеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен, напиша Заев на својот профил.

Претходно, викендов во медиумите следуваше бура од реакции за изјавата на Заев, со која говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени, но и за присвојување на, како што вели, туѓа историја како наша.

„Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО“ изјави за грчката телевизија Заев.

Заев на Фесјбук напиша дека под закрила на идентитетските дебати, претходната власт фрли земјата во изолација, изврши криминал поради кои се соочува со правдата. Јас, додава Заев, ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.

XS
SM
MD
LG