Достапни линкови

Москва демантира учество на руски авиони во напад врз Сирија


Руското министерство за одбрана ги демантира информациите дека руските авиони извршиле воени напади при што загинале најмалку 23 цивили на пазарот во сирискиот град Марат ал Нуман кој е под контрола на бунтовниците. Сириските опозициски активисти велат дека воени авиони руски или сириски извршиле ваков напад врз пазарот во јужниот дел на провинцијата Идлиб. Москва тврди дека станува збор за „лажни вести“.

„Руските воздухопловни сили не извршија никакви мисии во сирискиот регион “ се вели во соопштението на руското министерството за одбрана.

Сириската организација за заштита на човекови права со седиште во Британија соопшти дека при воздушните напади загинале 23 лица, вклучувајќи и две деца, и десетина други се ранети.

XS
SM
MD
LG