Достапни линкови

Пендаровски: Политички сме поделени како никогаш до сега


Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека неговата задача, во рамки на надлежностие што ги има, е да ја намали поларизацијата во општеството. Порача политичарите да бидат согласни околу стратешките цели во економијата, евроатлантските интеграции и меѓуетничките односи.

„Мојата задача е да ја намалам поларизацијата на каков било начин, како што можам, со збор, со постапка, со повикување на луѓето кај мене или со мое одење кај нив. Мислам дека политичките поделби се никогаш подлабоки и никогаш поголеми во нашата историја како независна држава и дека прва задача на секој од нас кој е во одреден временски период на некоја функција, е да ги намалува тие разлики. Секој од нас доаѓа од одредена политичка партија или политички амбиент. Јас не сум член на политичка партија, меѓутоа со години сум застапник на одреден тип на политички идеи и на одреден политички концепт“, рече Пенадровски при посетата на Стопанската комора на Македонија.

Посочи дека тоа не смее да го спречува за да разговара со луѓето кои имаат потполно различен концепт од неговиот за развој на државата и додаде оти тоа го прави.

XS
SM
MD
LG