Достапни линкови

Помпео верува дека Асанж ќе биде испорачан во САД


Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека верува оти Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, обвинет за шпионажа, објавија новинските агенции, повикувајќи се на изјавите на Помпео во интервју за еквадорскиот весник „Ел Универсо“.

„Ние веќе поднесовме барање, така што тој ќе им биде испорачан на САД“, вели Поомпео во интервјуто.

Асанж во моментов во Лонодн ја отслужува казната од 50 недели затвор заради прекршување на условите на кауцијата, откако седум години мина во еквадорската амбасада во Лондон

XS
SM
MD
LG