Достапни линкови

Партијата на претседателот Зеленски победник на изборите во Украина


Володимир Зеленски

Најмалку пет партии се очекува да освојат места во парламентот во Украина по вчерашните предвремени парламентарни избори во таа земја. Според излезните анкети, победник на изборите е партијата на претседателот Володимир Зеленски, Слуга на народот, со освоени 44 проценти од гласовите. Слични се податоците и од Централната изборна комисија, која по преброени 25 насто гласови, соопштува за добиени 42 насто од страна на партијата на Зеленски.

Украинците вчера гласаа за нов парламентарен состав на избори на кои се гледа како барометар за популарноста на претседателот Володимир Зеленски, кој на позицијата е два месеца. Зеленски победи на претседателските избори по години лоша економија, висока корупција и војна со сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина.

XS
SM
MD
LG