Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за неприфаќање на предлог законот за ЈО


Архивска фотографија- Седиштето на СДСМ

Зад наводното неприфаќање обвинителката Вилма Русковска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон, реагираат од СДСМ по изјавата на претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски дека за нив е неприфатливо таа да биде на чело на институцијата.

“Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО. Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Русковска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата”, наведуваат од СДСМ.

Според владејачката партија со ова се потврдувало дека само “бараат алиби за неприфаќање на законското решение.

XS
SM
MD
LG