Достапни линкови

Првата парада на гордоста во источна Полска помина со инциденти


Илустрација

Неколку лица се приведени поради предизвикување индиценти на прва Парада на гордоста која се одржа вчера во источниот полски град Бијалисток. Парадата помина со насилство од фудбалските хулигани, а козервативните активисти одржаа контрапротести.

Според властите околу 800 поддржувачи на правата на ЛГБТИ заедницата излегле на улиците во градот кој се наоѓа околу 200 километри североисточно од Варшава. Тие носеа транспаренти “Љубовта не е грев” и “Еднаквост за сите”.

Полицискиот портпарол рече дека фудбалски фанови кои носеле маици со ултранационалистички пораки фрлале камења, шишиња и други предмети кон насобраните и кон полицијата која го обезбедувала маршот. На одлуката за одржување на парадата силно се спротистави локалната верска заедница.

XS
SM
MD
LG