Достапни линкови

Намалени гужвите на „Богородица“, за излез се чека 15 минути


Архивска фотографија- Граничен премин „Богородица“

На ГП „Богородица“ чекањето за вршење на задолжителните полициски и царински формалности за излез од држвава изнесува од 10 до 15 минути и засега се одвива во најдобар ред. За разлика од вчера границата не е споена со возила, велат за МИА од дежурната служба на ГП Богородица.

Оттаму истакнуваат дека се во функција пет ленти за поефикасно работење и побрз проток на автомобилите и туристите за излез од државава.

На грчка страна, каде вчера се чекаше повеќе часа, состојбата е подобра и чекањето е сведено на пократко време.

XS
SM
MD
LG