Достапни линкови

Обвинителството потврди дека е запленет глисер во сопственост на осомничен во „Рекет“


Архивска фотографија- Неформалниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски, познат како Боки 13

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до овој момент е запленет глисер во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, изјавија за МИА од Јавното обвинителство. Глисерот е запаленет синоќа. Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Бојан Јовановски, кој се претставува како неформален сопстевник на 1 ТВ обвинителството го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Глисерот е во сопственост на второсомничениот Зоран Милевски.

XS
SM
MD
LG