Достапни линкови

Бритиш ервејс ги суспендираше летовите кон Каиро


Илустрација- авион на Бритиш ервејс

Британската авиокомпанија Бритиш ервејс соопшти дека ги откажала летовите за Каиро во период од една недела. Египетските власти, пак, наведуваат дека компанијата го известила аеродромот во Каиро за дводневна суспензија на летовите од и за Лондон.

Бритиш ервејс во денешното соопштение наведува дека откажувањето на летовите е поради внимателност која треба да овозможи понатамошна процена. Претставници на каирскиот аеродром велат дека откажувањето на летовите следува откако британски претставник неделава спровел редовни безбедносни проценки на аеродромот.

Портпаролот на Бритиш ервејс на наведе што е причината за суспензијата која доаѓа во период во кој Велика Британија разгледува како ќе одговори на иранската заплена на бродот со британско знаме во Ормускиот теснец.

XS
SM
MD
LG