Достапни линкови

Jованоски: Таканаречената бомба не е поврзана со „Пивофест“


Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска го осуди синоќешниот случај со таканаречената лажна бомба која, како што рече, го уништува реномето на градот и на манифестацијата „Пивофест“ која има 17-годишна традиција .

“Досега е мирно на фестивалот и така очекувам да продолжи и ова со т.н „бомба“ не е поврзано со фестивалот. Очекувам МВР да ги преземе сите дејства”, рече Јованоски на прес-конференција за одржувањето на „Пивофест“.

Инаку дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе бар „Кафе Ин” во Прилеп каде вчера околу 23:30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба. Според полицијата се работи за таканаречена школска бомба која немала експлозивно полнење.

XS
SM
MD
LG