Достапни линкови

Амбасадата во Атина поделена меѓу Скопје и Белград


Илустрација- споменикот на Александар Велики во Атина

Генералниот секратар во српското МНР и претставник во Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Вељко Одаловиќ изјави дека е завршена поделбата на објектот во Атина меѓу Србија и Северна Македонија.

“Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се направи”, изјави Одаловиќ за Танјуг, објаснувајќи ги одлуките од неодамна завршениот состанок на Мешовититот комитет во Белград, пред десетина дена, кој, како што кажа, „се состана по седум години, носејќи повеќе конкретни одлуки.“

“На Србија и припаднаа објектите во Франкфурт, Женева и резиденциите во Хараре, Зимбабве, а завршена е поделбата на објектите во Анкара, меѓу Србија и БиХ, и во Атина со Северна Македонија”, истакна Одаловиќ.

Како што најави, нов состанок на Мешовититот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ ќе се одржи кон крајот на февруари идната година во Сараево.

XS
SM
MD
LG