Достапни линкови

Жбогар: „Рекет“ е демонстрација на владеење на правото


Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар

Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар изјави денеска дека последните случувања со случајот „Рекет“ не треба да имаат последици врз европерспективите на земјата.

„Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО покажува дека има напредок и тоа е добро“, изјави Жбогар денеска во Слатино.

Тој порача и дека СЈО во изминатите години завршило многу добра работа и таму работат инзворедни правници и истражители.

„Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат на утре ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство, рече Жбогар.

XS
SM
MD
LG