Достапни линкови

Одземени 23 имоти и 204 возила на „Трансмет“ и на Кочан


Сеад Кочан на изрекувањето на пресудата за „Труст“

До Агенцијата за управување со одземен имот минатата недела стасала правосилна пресуда во врска со одземениот имот на фирмата „Трансмет“ и Сеад Кочан. Директорот на агенцијата Фатон Асани изјави дека се изготвени 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на институцијата.

Според него, од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог, а има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог. Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

XS
SM
MD
LG