Достапни линкови

Јанева денеска ги известила колегите за боледувањето


Денеска во Специјалното јавно обвинителство пристигнало известување дека шефицата на оваа институција Катица Јанева отворила боледување во вторникот, велат за РСЕ од СЈО. Ваквото известување им пристигнало попладнево, откако голем дел на медиуми објавија информација дека Јанева трет ден не доаѓа на работа и при тоа не ги известила своите колеги за причините за нејзиното отсуство.

Инаку Јанева во понеделникот поднесе оставка која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство. Според досегашниот статус на обвинителството нејзиниот мандат истекува на 15 септември.

Јанева во јавноста се поврзува со предметот на Јавното обвинителство Рекет, во кој, како осомничени, беа приведени и им беше одредена мерка притвор, на Бојан Јовановски и Зоран Милески - Кичеец.

XS
SM
MD
LG