Достапни линкови

Трамп критикуван по апсењето на организаторот на нападите во Мумбаи


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп е цел на критики откако го поздрави апсењето на наводниот организатор на нападите во Мумбаи во 2008 година по десетгодишната потрага. Пакистанските власти соопштија дека го уапсиле Хафиз Саед, ден откако премиерот Имран Кан требаше да одржи средба со претставници на американските власти во Вашингтон.

Трамп го поздрави апсењето на Саед и порача дека тоа е резултат од притисокот на неговата администрација врз Пакистан да води позајакната борба против милитантите. Во нападите во Мумбаи загинаа 166 лица.

XS
SM
MD
LG