Достапни линкови

Панчевски суспендиран, одложено разрешувањето на Вангеловски


Архива - Поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски и поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет, а Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

На интернет страницата на Судскиот совет е наведено дека на денешната седница е донесена одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија и оти е одлучено да има одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија во извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија, претседател на суд.

XS
SM
MD
LG