Достапни линкови

Судот ги одби жалбите за притворите на Јовановски и Милески


Архива - Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд во Скопје денеска ги одби жалбите за притвор на Бојан Јовановски и Зоран Милески, откако судот пред два дена го прифати предлогот на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да им определи 30-дневен притвор на двајцата осомничени во случајот „Рекет“, соопшти Кривичниот суд.

Оттаму информираат дека постапувајќи по жалбите за решенијата на судија на претходна постапка на денешна седница, донесена е одлука дека жалбите се неосновани и со тоа потврдени во целост решенијата на судија на претходна постапка.

Обвинителството отвори истрага против Јовановски и Милевски кои се осомничени во случајот „Рекет“ и ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

XS
SM
MD
LG