Достапни линкови

Владата ја објави листата на сменети директори


Архива - владина седница.

Одлука за разрешување на директори, членови на управни одбори на јавни претпријатија и државни акционерски друштва денеска беше донесена на владина седница со која претседавал премиерот Зоран Заев, соопшти денеска владината прес-служба.

Со донесената одлука се предлага разрешување, отповикување или препорачување на разрешување или отповикување на листа од околу 70-тина директори на јавни претпријатија и установи, на акционерски друштва или совети или управи кои се надлежност на Влдата, а препораки за разрешување се доставени и до министри, велат од Владата.

Меѓу сменетите се директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Македонија пат и на Македонски Железници Инфраструктура, како и на Агенција за лекови и биро за јавни набавки.

XS
SM
MD
LG