Достапни линкови

Убиени 25 припадници на специјалните сили на Авганистан


Авганистански војници. Илустрација.

Авганистанските власти соопштија дека 25 припадници на елитната единица на земјата загинале во борбите со талибанците. Според нив, во борбите во покраината Бадхис биле убиени и 20 талибанци.

Портпаролот на талибанците, Јусуф Ахмади изјави дека најмалку 39 командоси биле убиени, а милитантите заробиле и 16 војници. Покраината Бадхис се наоѓа на границата со Туркменистан и често е цел на напади од талибанците.

XS
SM
MD
LG