Достапни линкови

САД со критика до Русија за неиздавање на работни дозволи


Илустрација

Американските власти соопштија дека на наставници од училиште во Москва кое е под раководство на амбасадите на САД и на Британија не им биле одобрени работни дозволи за наредната школска година и ја обвинија Русија за користење на учениците како „пиони“ во дипломатски спор.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека тврдењата се лажни. Спорот се однесува на Англо-американското училиште во Москва во кое настава посетуваат околу 1100 деца од 60 земји.

XS
SM
MD
LG