Достапни линкови

Ребаланс на буџетот во септември или октомври


Илустрација

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези изјави денеска дека наплатата на даноците и општите приходи во првата половина од годинава е зголемена за 6,6 отсто, односно дека се реализирани 96,2 милијарди денари од планираните 210 милијарди. Таа најави и ребаланс на буџетот во септември или октомври.

„Ребалансот на буџетот е редовна пракса и се прави секоја година и веќе службите се во подготовка на анализа на реализацијата на сите проекти без разлика дали се тековни или капитални во делот на податоците што ги црпат од Трезорот. Се планира да се реализира во септември или октомври и за тоа јавноста ќе биде благовремено информирана“, изјави Елези по денешниот увид во градежните активности за реновирање на ОУ „Рајко Жинзифов“ во скопската општина Чаир.

XS
SM
MD
LG