Достапни линкови

Хакиран бугарскиот даночен систем, украдени податоци на стотици илјади Бугари


Полиција пред седиштето на бугарската даночна управа, НПА

Владата во Софија соопшти дека хакери упаднале во системите на даночната управа и украле лични и финансиски податоци на голем број Бугари, објавија бугарските медиуми, од кои дел велат дека се работи за украдени податоци на неколку стотини илјади, па дури и милион бугарски граѓани.

Како што пренесе агенцијата Фена, нападот на бугарската даночна управа (НРА) се случил кон крајот на јуни, а за него се дознало кога лице кое тврдело дека е руски хакер синоќа ги контактирало локалните медиуми нудејќи пристап до украдените податоци.

„Споредивме 30 отсто од податоците што се јавно објавени и потврдуваме дека се работи за податоци кои ги имала НРА“, изјавил портпаролот на НРА, Росен Бачваров.

XS
SM
MD
LG