Достапни линкови

Лајен избрана за претседателка на Европската комисија


Урсула фон дер Лејен

Со 383 гласови ЗА, Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија. Таа доаѓа на местото на Жан-Клод Јункер.

Против изборот на Лајен гласале 327 европратеници, 22 биле воздржани, а едно ливче било неважечко. На Лајен ѝ беа потребни најмалку 374 гласа во тајното гласање.

Фон дер Лејен во говор пред Европскиот Парламент пред гласањето ги истакна климатските промени како главен проблем со кој се соочува Европа.

„Најголем предизвик во овој момент е нашата планета да остане здрава, тоа е најголема одговорност на нашето време“, рече таа.

XS
SM
MD
LG