Достапни линкови

Органите на државната управа ќе мораат јавно да објавуваат се за јавните набавки


Владата ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано, соопшти владината прес-служба.

Доколку немаат своја интернет страницата, овие државни органи се должни објавите да ги направат на интернет страниците на институцијата под чијашто надлежност работат, соопшти Владата.

XS
SM
MD
LG