Достапни линкови

Смена на 7 директори од ДУИ, објавуваат медиумите на албански јазик


Во партијата на Али Ахмети одлучиле да бидат сменети седум функционери од третиот ешалон на власта кои доаѓаат од нивните редови, објавија дел од медиумите на албански јазик во Македонија.

Според ТВ21, која се повикува на потврдени информации од партијата, се очекува утре се очекува да се сменат 7 директори од ДУИ.

Со овие потези почнува реконструкцијата на извршната власт во вториот и третиот ешалон, откако претходно беа сменети неколку министри.

XS
SM
MD
LG