Достапни линкови

Борис Џонсон разгледува Брегзит без Парламентот


Поранешниот шеф на британската дипломатија и сегашен фаворитот во трката за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Обединетото кралство, Борис Џонсон, и неговите приврзеници ја разгледуваат можноста за прекин на работата на Парламентот за да се спроведе излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, објави „Скај њуз“.

Според извори на телевизијата, за спроведување на замислата се предвидува кралица Елизабета Втора на почетокот на ноември да го одржи својот годишен кралски говор, откривајќи ја тогаш новата парламентарна сесија, кога земјата веќе ја има напуштено ЕУ.

XS
SM
MD
LG