Достапни линкови

Русковска: Ако има цврсти докази, истрагата за „Рекет“ може да се прошири


Можно истрагата за „Рекет“ да се прошири и за други лица ако се обезбедат цврсти докази, изјави обвинителката Вилма Русковска, во интервју за 24 Телевизија.

„Во која насока ќе оди истрагата и во зависност од тоа во која насока ќе се движи, можно е да се прошири истрагата и за други лица, особено ако обезбедиме цврсти докази“, рече Русковска и нагласи дека истрагата за сега опфаќа само две осомничени лица, кои веќе се во притвор.

XS
SM
MD
LG