Достапни линкови

ДУИ на лидерската средба ќе го отвори и прашањето за ветинг


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека ДУИ на лидерската средба ќе го претстави ставот дека земјата има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката.

„ДУИ ќе бара да почне да се реализира иницијативата за ветинг. Сметаме дека тоа е неопходно доколку сакаме враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните, но и од страна на институциите на ЕУ и ќе бара да се исполнат сите прашања што ќе ни го отворат патот за добивање датум за почнување на преговори со Унијата“, рече Османи по завршување на панел дискусија во МНР.

Во врска со новоотворениот случај на Јавното обвинителство „рекет“, Османи порача дека ДУИ е разочарана од тоа што се случило вчера и додаде дека институциите треба да истражат точно што се случило, која била позадината и кои биле реперкусиите.

XS
SM
MD
LG