Достапни линкови

Специјалната обвинителка Јанева си поднесе оставка


Обвинителката Катица Јанева.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесува оставка, која ќе стане активна, тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новиот закон со кој се решава статусот на СЈО, и кога ќе се избере наследник на Јанева.

Таа преку соопштение вели дека била избрана во тешки околности, но се нафатила да ја врши функцијата, како што вели, во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

„Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја“, вели Јанева.

Таа им се заблагодарува на целито тим на СЈО и на граѓаните.

XS
SM
MD
LG