Достапни линкови

Прифатени најголем дел од барањата на исклучените од системот за парно греење


Илустрација

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски денеска изјави дека се прифатени најголем дел од барањата што ги поднесоа граѓаните исклучени од системот за топлинска енергија во Скопје. Според него, има одредени барања кои не се прифатени, но тој ги повика граѓаните да достават дополнителна документација што повторно ќе ја разгледаат до крајот на месецов и ќе им одговорат.

Тој додаде дека во изминатиот месев до комисијата се стигнати уште седумдесетина барања од граѓаните на Скопје кои се исклучени од системот за централно греење.

XS
SM
MD
LG