Достапни линкови

Препукувања меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за партиски вработувања


Партиско лого на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ

Опозициската партија ВМРО ДПМНЕ денеска на пресс конференција обвини за брутална партизација на администрацијата. Како што изјава Маја Славева, според нивни податоци, во 2018 година во државниот и јавниот сектор се вработила над 20 000 лица кои се нестручни за работните места, но се во блиска роднинска врска со луѓе од власта или се партиски послушници.

"Сведоци сме на нов бран на нови 107 вработувања во Бирото за јавни набавки, во јавното претпријатие за државни патишта, во Јавното сообраќајно претпријатие, во Академијата за судии и јавни обвинители, во МНТ, а и во Управата за финансиска полиција" рече Славева

Таа доплни дека сите овие вработувања немало да бидат спорни доколку институции ги немало изменето своите акти за систематизација за да ги прилагодат условите согласно квалификациите на кандидатите кои се однапред познати.

Од СДСМ пак реагираа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски се класичен пример за партиски вработувања.

"Денес сите граѓани имаат еднаква шанса за вработување, а ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизам, партиски вработувања и лажни вести нема кредибилитет да зборува за партизација" наведуваат од СДСМ од каде доплнуваат дека"Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции".

XS
SM
MD
LG