Достапни линкови

Мицкоски: Актуелните случувања мора да завршат со предвремени избори


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М изјави дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

" Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари" изјави Мицкоски.

Прашан дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, Мицкоски, рече дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

"Во овие услови вакви, какви што се. Под политички прогон и терор, конструирани обвиненија, нарачани пресуди и прогонот што се прави врз ВМРО-ДПМНЕ, врз сегашни и поранешни функционери, едноставно нема амбиент. Не е само законот за ЈО на маса, сега на маса треба да се најде и темата кога предвремени парламентарни избори", изјави Мицкоски.

До неговата изјава доаѓа откако Премиерот Зоран Заев изрази очекување дека во скоро време ќе биде договорена средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

"Засега нема договор за лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за трите теми – Специјалното јавно обвинителство, пописот и Изборниот законик", изјави во петокот премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека нивните кабинети се во контакт и очекува дека во скоро време ќе биде договорена средба.

XS
SM
MD
LG