Достапни линкови

Со пари од ЕУ Македонија и Бугарија ќе остваруваат проекти за соработка


Илустарција. Граничен премин.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерката за регионален развој и урбанизам на Бугарија, Петја Аврамова вчера во Софија ги доделија договорите за финансирање 17 нови проекти од програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Вредност на проектите е седум милиони евра од кои 85 отсто се обезбедени од ИПА инструментот на Европската Унија, а 15 отсто од Буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа.

Три од проектите кои треба да се имплементираат се во областа на конкурентноста, осум за развој на туризмот, а шест проекти за заштита на животната средина.

Проектите ќе се имплементиираат со партнери од двете страни на границата, а нивната вредност се движи од 120 илјади до 590 илјади евра по проект, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Министерот Милевски им честиташе на носителите на проекти и им посака успешна имплементација.

XS
SM
MD
LG