Достапни линкови

Односите меѓу САД и Турција се влошуваат по испораката на С-400


Илустративна фотографија - рускиот ракетен одбранбен систем С-400 .

Односите на Соединетите Држави со Турција се движат кон криза откако Анкара вчера објави дека и се испорачани првите делови од рускиот ракетен одбранбен систем С-400 .

Засега, американската администрација не кажува како ќе реагира, а прес конференцијата е закажана за подоцна во текот на денот. Заменик-секретарот за одбрана на САД, Марк Еспер, разговараше со неговиот турски колега, Хулуси Акар, по телефон околу 30 минути, но Пентагон одби да даде детали за разговорот.

Турското Министерство за одбрана, сепак, објави дека Акар "му кажал на својот колега од САД дека Турција останува под сериозна закана од воздух и ракети и дека купувањето на одбранбените системи С-400 не е опција, туку неопходност".

XS
SM
MD
LG