Достапни линкови

Тропска бура се приближува кон Њу Орлеанс, прогласена вонредна состојба


Илустрација - бура во САД.

Америкаснкиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура „Бери“ се приближува кон Њу Орлеанс, кој денеска се подготвува за обилни дождови и со стравувањер се потсетува на ураганот „Катрина“ кој го погоди градот во 2005 година.

Бурата се очекува во петок навечер или во сабота наутро да се претвори во ураган, пред да стигне до брегот на државата Луизиана, објави Националниот центар за урагани.

Илјадници жители на државата поставија вреќи со песок околу нивните куќи или се евакуираа на повисоки нивоа на куќите во четвртокот кога тропската бура „Бери“ се закани дека ќе се претвори во во прв ураган оваа сезона со обилни дождови кои може да претставуваат сериозен тест за подобрените одбранбени системи од поплави во Њу Орлеанс по ураганот Калтрина, наведува АП.

„Бери“ би можел да биде со брзина од 120 километри на час, што претставува бура од прва категорија, велат метеролозите.

XS
SM
MD
LG